Од „Македонски концепт“ излегоа со иницијатива за уставни измени во делот на организацијата и функционирањето на политичките партии во Македонија.
Оттаму бараат да стави крај на праксата, да има политички партии со ртнички предзнак, коишто ќе се грижат и ќе работат само за интересите на една одредена етничка заедница.
Наместо тоа, од „Македонски концепт“ сметаат дека определбата за граѓанска држава треба да биде канализирана преку постоење само на граѓански партии, чија цел на интерес ќе биодат сите граѓани на целата територија на државата.
Да нема веќе политички партии со етнички предзнак, туку само граѓански партии. Да биде составен рок од шест месеци за имплементација на уставните одредби во статутите и програмите на постоечките политички партии – порачуваат од „Македонски концепт“.