Македонија 15. март 2020. / 22:14

Македонски граѓани заглавени во меѓуграничниот простор меѓу Унгарија и Србија

Македонски граѓани заглавени во меѓуграничниот простор меѓу Унгарија и Србија

Возила се заглавени меѓу граничните премини на Унгарија и Србија кај Суботица. Дел од нив се македонски граѓани кои се обидуваат да се вратат во Македонија. Јавувајќи се во живо од границата, македонските граѓанин во вонредната емисија за корона вирусот на „Алфа“ се пожали дека најверојатно вечерва ќе останат таму, затоа што и двете граници се затворени за нив. Според него се работи за околу 200 возила.

Како што сподели граѓанинот, меѓу оние што се обидуваат да се вратат дома има и семејства со млади деца, а температурите веќе се приближуваат кон нулата. Додаде дека дел од нив побарале помош од Министерството за надворешни работи, од каде ги известиле дека се запознаени со случајот и работат ситуацијата брзо да се реши.

Во Србија вечерва беше прогласена и вонредна состојба.