Граѓаните на Република Македонија, доколку доаѓаат од високо ризични земји, можат да остварат влез во земјава само на граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид, информираат од МВР.
Што се однесува до патување во странство, граѓаните можат за излез од државата да ги користат сите гранични премини кон Бугарија и Грција без ограничувања, а тоа важи и за аеродромите во Скопје и Охрид, информираат од МВР.
Влез и излез кон Србија е возможен само на заедничкиот премин Табановце-Прешево. Косово има забрана за влез на сите странци, вклучувајќи ги и нашите државјани, значи нашите државјани не можат да влезат во Косово.
Нашите граѓани во Албанија можат да влезат само на граничниот премин Ќафасан, додека на Свети Наум и Стење само доколку патуваат во пограничните места, до овие премини, се наведува во соопштението од МВР.