Македонија,Економија 05. ноември 2020. / 11:17

Македонска Берза: Месечен билтен за месец октомври

Македонска Берза: Месечен билтен за месец октомври

Според податоците објавени од Македонската берза за периодот од 1-ви октомври до 31-ви октомври, 2020 година, вкупниот промет изнесувал 427.260.792 денари и е зголемен за 4,61 отсто во однос на претходниот месец.

Класичното тргување изнесувало 334.843.767 денари и е намалено во однос на септември за 13,13 отсто кога изнесувало 385.467.468 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 333.840.854 денари и обврзници во вредност од 1.002.913 денари.

Блок трансакциите во октомври изнесувале 92.417.025 денари и се зголемени за 302,58 отсто во однос на септември.

Бројот на трансакции во октомври е намален за 21,01 отсто, изнесувал 1.376, за разлика од септември кога изнесувал 1.742.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за октомври се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Целата статистика погледнете ја тука