Македонија 14. април 2020. / 13:11

Македонија втора по смртност од корона вирус во регионот

Македонија втора по смртност од корона вирус во регионот

Македонија и денеска е со поразителни резултати на листите кои прават статистика на заболени и смртни случаи од корона вирусот. Меѓу земјите од регионот, само Словенија има поцрни бројки.

По број на мртви на еден милион жители, Македонија бележи 18, а Словенија 27. Сите останати земји имаат помал црн биланс од нашиот.

Имено, оваа бројка во Турција изнесува 13, во БиХ е 12. Србија има 10 мртви на еден милион жители, а Грција има 9 мртви. Албанија 8, следуваат Хрватска со 6, Црна Гора 6 и Бугарија 5 регистрирани смртни случаи на еден милион жители.

Денеска во државата се регистрирани нови шест смртни случаи од корона вирус кои со сигурност доплонително ќе ја влошат и онака црната статистика на починати од вирусот во државава.