Веќе шест месеци во Македонија нема Антикорупциска комисија. Претходниот состав си даде оставка
Тогаш беше најавено и дека обвинителството ќе ги истражува злоупотребите во антикорупциската. На товар им се препишува проневера на пари за патни трошоци со лажни налози, повисоки станарини од реалните, недоаѓање на работа, изнајмување на сала за вежбање, аеробик или јога во засвисност од желбите и потребите на антикорупцинерите.
Членовите на антикорупциска во септември ќе се избираат според новиот Закон за Антикорупциската комисија. Министерката Рената Тренеска Дескоска најави и зголемени надлежности. Според поранешниот член на Антикорупциската комисија Ариф Муса. власта треба посериозно да работи бидејќи остава простор за сомнеж во искрените намери во борбата против корупцијата.