Македонија 12. јуни 2020. / 22:15

Македонија повторно извиси: Ја нема ниту на ажурираниот список на Црна Гора за влез во државата

Македонија повторно извиси: Ја нема ниту на ажурираниот список на Црна Гора за влез во државата

Институтот за јавно здравје на Црна Гора го ажурираше списокот на земји од кои пристигнувањето во оваа земја не претставуваат предмет на посебни ограничувања. Македонија и оваа недела не се најде на списокот.

Како што наведува Институтот, листата нема да биде проширена, затоа што од последното ажурирање немало држави кои ги исполниле утврдените критериуми. Таа почнува да важи од 15 јуни од 00:00 часот.

Македонија на последното ажурирање поради зголемениот број на заболени се најде на „црната листа“, па така нашите државјани засега не можат да влезат во Црна Гора.