Според бројот на жители Македонија се наоѓа на 59 место односно во првата третина ако се мери бројот на заболени од Ковид19 на милион жители, пишува Expres.mk.
Според најновата официјална статистика во земјава има вкупно 148 или по 71 заболен на милион жители. Вкупно на листата земји со заболени луѓе се 196 земји и територии.
Во групата со нас со околу 70 заболени на секој милион жители се и Грција, Литванија и Ерменија.
На ниво на земји од Европа , Македонија се наоѓа на 31 место според број на заболени на милион жители.
На врвот на листата на заболени на милион жители се малите европски држави: Сан Марино, Фарски Острови, Андора, Исланд, Луксембург, Лихтенштајн и Ватикан по кои следуваат Италија, Швајцарија и Шпанија.
Целиот текст на expres.mk можете да го прочитате ТУКА.