Во Македонија се надмина гранивцата од 4.000 заразени. Со најновите 162 позитивни случаи на корона вирус, вкупната бројка на заразени во земјата сега изнесува 4.057 лица.
Министерството за здравство информира дека позитивните во последните 24 часа се регистрирани во следните градови: Скопје-92, Куманово-3, Дебар-5, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-32, Струга-3, Охрид-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Свети Николе-1, Ресен-14.
По градови бројката на заразени активни случаи е следната: Скопје 1858, активни 1210, Куманово 640, активни 221, Дебар 61, активни 10, Штип 238, активни 196, Прилеп 228, активни 20, Тетово 413, активни 239, Струга 127, активни 49, 150, активни 27, Битола 33, активни 6,Охрид 69, активни 51, Кавадарци 6, активни 1, Гостивар 66, активни 41, Гевгелија 8, активни 4, Струмица 8, активни 5, Крива Паланка 10, активни 4, Радовиш 4, активни 0, Крушево 3, активни 0, Кочани 54, активни 23, Пробиштип 11, активни 9, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 3, активни 1, Пехчево 5, активни 2, Берово 2, активни 1, Валандово 4, активни 3, Виница 3, активни 0, Делчево 1, активни 0, Кратово 3, активни 1, Свети Николе 9, активни 8, Кичево 3, активни 1, Ресен 19, активни 18, 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Во последните 24 часа починале девет лица, од кои три се од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар.
Вкупната бројка на починати пациенти се искачи на 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.159