Македонија 02. мај 2018. / 22:34

Македонија ќе отвори почесни конзулати во Турција и Казахстан

Македонија ќе отвори почесни конзулати во Турција и Казахстан

На денешната, 66. седница Владата одлучи да се отворат почесни конзулати на Република Македонија во Турција со седиште во Едрене и во Казахстан, со седиште во Алмати.

Во исто време за почесен конзул на Република Македонија во Турција е именуван Есер Џевахир, додека за почесен конзул на РМ во Казахстан е именуван Султан Мукшаев.