Како резултат на анализите на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), објавена е статистика за бројот на заболени со Ковид-19 која ги вклучува и земјите од регионот, пишува Слободен Печат.
Па така, во Србија на пример, бројот на заразени со корона бележи значителен пад.
Последните бројки зборуваат дека во оваа земја има 1.624 активни случаи со Ковид-19, односно дека има 23,2 заболени на 100.000 жители.
Кога станува збор за нашата земја, ситуацијата е поинаква, односно во Македонија има 74,9 заболени лица на 100.000 жители.
Во Хрватска има 89 заразени на 100.000 жители, во Црна Гора 120,5 на 100.000 жители и во БиХ 118 заболени со коронавирус на 100.000 жители.