Македонија 06. септември 2019. / 10:07

Македонија и Косово ќе соработуваат за регистрација на бизнисите

Македонија и Косово ќе соработуваат за регистрација на бизнисите

Република Македонија и Република Косово ќе потпишат денеска меморандум за соработка во областа на регистрацијата на бизнисите.

Меморандумот во Министерството за трговија и индустрија на Косово ќе го потпишат директорката на Агенцијата за регистрација на бизнисите на Косово, Неџмие Селими и директорката на Центарот за регистрација на бизнисите на Македонија, Марија Бошковска.

На церемонијата, како што е најавено, ќе присуствува и косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрит Шаља, кој ќе им се обрати на присутните со поздравен говор.