Македонија 28. јануари 2019. / 11:16

Македонија и Косово денеска ќе си ги признаат возачките дозволи

Македонија и Косово денеска ќе си ги признаат возачките дозволи

Денес ќе биде потпишан договор за взаемно признавање на возачките дозволи меѓу Република Косово и Република Македонија.

Министерстите за внатрешни работи на двете земји ќе го потпишат договорот, а истовремено ќе биде потпишан меморандум за зајакнување на соработката во областа на внатрешната контрола.

Потпишувањето на овој договор ќе го направат министерот за внатрешни работи на Република Косово, Екрем Мустафа, и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски.