Македонија 05. декември 2019. / 19:30

Македонија го потпиша протоколот за дополнување на Конвенцијата за заштита во однос на автоматска обработка на лични податоци

Македонија го потпиша протоколот за дополнување на Конвенцијата за заштита во однос на автоматска обработка на лични податоци

Во Советот на Европа, во канцеларијата и во присуство на генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ, министерката за правда на Македонија, Рената Дескоска, го потпиша Протоколот за изменување и дополнување на Конвенцијата за заштита на лицата во однос на автоматска обработка на лични податоци (CETS бр. 223).

Министерката за правда Рената Дескоска во Стразбур учествуваше и на сесијата на Комитетот на министри за човекови права, кој го надгледува извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.