Македонија секојдневно бележи драстично високи бројки на новозаразени со Ковид-19. Последните нови смртни случаи ја рангираа Македонија меѓу земјите со најголема смртност по глава на жител во Европа.
Извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека во последната недела, во периодот од 12 до 18 ноември починале 92 пациенти на еден милион жители. На Клиниката за инфективни болести во Скопје животот и смртта се многу близу секој ден.
Во обид да се обезбедат нови болнички места, Министерството за здравство вели дека утре Клиниката за офталмологија ќе биде подготвена како ковид – центар со 33 легла и снабдена со кислород. И министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев изјавија дека секој преземен чекор е во интерес на зачувување на јавното здравје.
За тоа колку е сериозна ситуацијата во нашата земја покажува индексот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Ние сме над просекот од многу европски земји и имаме инциденца од 440 дијагностицирани и 8,76 отсто смртни случаи на 100 илјади жители.
Во моментов, во сите болници во земјата има уште 60 слободни кревети. Во последните 24 часа има над 1198 нови случаи на Ковид-19, а починаа 26 лица.