Македонија 18. април 2020. / 15:22

Македонија добива кинеска донација од над пет илјади тестови и десетици илјади заштитни маски

Македонија добива кинеска донација од над пет илјади тестови и десетици илјади заштитни маски

Над пет илјади тестови за Ковид-19 и десетици илјади маски „Н95“ и заштитни материјали, донација од Кина за Македонија, вчера тргнала од Шангај, па преку Истанбул, денеска треба да стигне во Скопје.

Кога оваа помош ќе стигне во државата истата веднаш ќе биде распределена кај здравствените установи.

Во вторник имам уште една донаторска конференција со земјите кој не се членки на ЕУ и другите донатори со цел да видиме дополнителни можности за обезбедување на материјали, бидејќи во овие услови нема ниту пазар, а исто така е прекинат синџирот на набавка на опрема од земјите кој што произведуваат до државата – соопшти вицепремиерот за Европски прашања, Бујар Османи.