Македонија 22. ноември 2020. / 12:00

Македонците во Пустец го одбележаа празникот „Св. Архангел Михаил“

Македонците во Пустец го одбележаа празникот „Св. Архангел Михаил“

Македонците во Пустец, Мала Преспа, вчера го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел и Михаил“, празник кој го чествуваат и како нивен заштитник.

На голем број семејства овој ден им е домашна слава.

Во црквата, која се наоѓа во центарот на Пустец, на плоштадот „Гоце Делчев“, утринската свечена богослужба ја отслужи свештенкот Алексо Темелко.

Со Македонците беше и Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и пратеник во албанскиот Парламент.

-Редовно сум тука со моите Македонци за овој голем празник. За многу години Св.Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец. Посакувам здравје и среќа на сите, а се трудам во рамки на моите можности да се смени нешто на подобро во областа, изјави Стерјовски.

Додава дека тој секогаш е со и до Македонците каде и да живеат, Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, Тирана, Елбасан и насекаде во Албанија и прави се да ги актуелизира сите нивни проблеми.