Македонија 16. септември 2020. / 19:45

Македонците во Албанија го осудуваат софискиот наци-фашизам кон Македонија

Македонците во Албанија го осудуваат софискиот наци-фашизам кон Македонија

Македонското друштво „Илинден“-Тирана најостро ја осудува изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбpaна Красимир Каракачанов од 9 септември, во која вели дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, ако мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прашања.

Изјавата ја сметаме за дрска најава за блокада на преговорите на првата меѓувладина конференција на Македонија со Европската Унија доколку Македонија не го исполни Договорот од 1 август 2017 година за ревизија на македонската историја со епилог Македонците како Бугари, македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик, а Македонија како дел од Бугарија, стои во реакцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Оттаму посочуваат дека „Македонците во Албанија ги осудуваат софиската агресија, ревизионизот и иредентизом кон македонскиот народ и Македонија“.

Македонците во Албанија го осудуваат софискиот наци-фашизам кон Македонија и Македонците во обидите за повампирување на руската креација на Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година, како неизживеана романса која никогаш не постоела, ниту кога и да е ќе се оствари, но претставува територијални претензии на Софија кон Македонија и отворена закана спротивна на добрососедските односи, се посочува во реакцијата.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, ја повикува интелектуалната и демократската јавност во Европа и светот најостро да ја отфрлат софиската агресија, ревизионизмот и иредентизмот за „повторна окупација врз Македонија и геноцид врз македонскиот народ“.

-Македонците и Македонија не смеат повеќе да бидат жртви на шарлатански партии и умноболни поединци во соседна Бугарија кои наместо мир и љубов шират омраза и војна, расизам и апартхејд врз Македонците во татковината и во светот! Македонците, како што не биле и не се, никогаш нема да бидат Бугари од Татарстан, Кина и Монголија, а ги охрабруваат сите во Бугарија да се вратат кон корените во мајка Македонија. Македонското друштво „Илинден“-Тирана ја осудува Владата во Софија за дискриминаторските, расистичките и наци-фашистичките барања за непостоење на македонскиот народ во целина, стои во реакцијата на македонско друштво „Илинден”-Тирана, потпишана до претседателот Никола Ѓурѓај.