Во тек создавање на нова македонска организација која ќе се грижи за македонскиот идентитет, колтура и ќе претставува мост помеѓу Македонија и Светот.
-На 4.02.2018 во близина на Лозана -Швајцарија заедно со Драган Стоилковски, Златко Николоски, Ердован Етоски и Војне Манески ги утрдивме последните насоки за Македонската Организација што е во создавање, а која ќе се грижи за Македонците во Швајцарија посебно за зачувувањето на Македонскиот јазик и Култура , Македонскиот Идентитет и неговото позиционирање помеѓу европските Народи и ќе биде Мост кон Република Македонија и светот. Ако успееме за пет години ќе израснеме во една сериозна невладина Организација која што ќе биде Фактор кој што во иднина не ќе може да се одмине од страна на било која Влада од Република Македонија. Точно на почетокот на Мај 2018 за првпат ќе биде промовирана. Член ќе може да биде секој Македонец кој што е Македонски државјанин и живее , студира или престојува во Швајцарија. Ние сме многу сериозни луѓе и на целава работа и пристапуваме крајно професионално . На почетокот на Март 2018 ќе го објавиме датумот за овој голем ден за Македонците од Швајцарија а подоцна и од цела Европа, кој ќе биде воедно и празник за душата. Ве поздравувам од Енгелберг каде што доаѓам често да ги наполнам батериите. Дојде време да се обединиме и ЌЕ се ОБЕДИНИМЕ, дојде време да ја земиме одговорноста во свои раце, објави на својот Фејсбук профил познатиот македонски музичар и композитор Васко Белевски.
Инаку, на 27 јануари Македонци во швајцарија на протестен марш при што имаа неколку барања до македонскиот државен врв, а истите се однесуваат на актуелните случувања во Македонија:
1, Итен прекин на разговорите околу името на државата што Владата на Република Македонија ги води во тајност под покровитество на ОН, и неменување на уставното име – Република Македонија, и поднесување резолуцијата во Генералното Собрание на ОН за признавање на истото,
2, Ставање вето од страна на Претседателот на државата на противуставниот закон за јазици, и повлекување на истиот од понатамошен процес во Собранието на РМ,
3, Oрганизирање на попис под мониторинг на реномирана меѓународна организација на територијата на Република Македонија во период не подолг од 6 месеци од приемот на оваа декларација,
4, Неменување на историјата на Македонија, статусот на МПЦ – ОА и интензивирање на грижата за Македонците во соседните држави.
5, Доколку Владата на Република Македонија не е способна да го стори горенаведеното, тогаш повикуваме на итно самораспуштање на Собранието на Република Македонија и организирање на непосредни избори каде што и на македонските граѓани од дијаспората ќе им бидат овозможени свои претставници во новиот парламентарен состав, според принципот на пропорционалност.