Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја отфрла нацрт-спогодбата за промена на името на државата и идентитетот на нацијата изготвена од Владата и Министерството за надворешни работи на Република Македонија, како и нацрт-спогодбата за промена на името на државата и идентитетот на нацијата изготвена од Владата на Република Грција!
СМК ја потсетува Владата дека прашањето за името е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонците, по род и државјанство, во апсолутно мнозинство гласаа за “СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдум по Устав е задолжителна за сите, без исклучок!
СМК ја потсетува Владата дека името на државата и идентитетот на нацијата не се технички прашања за што решаваат Обединетите Нации, бидејќи тие немаат надлежност за име на држава, народ и јазик!
СМК укажува на шесте принципи во меѓународното право релевантни за иметото на државата и идентитетот на нацијата:
1. Државите немаат ексклузивни права на државните имиња. (Република Македонија е правен идентитет на држава со дефинирани граници, а Македонија е назив на географски регион во Република Грција)
2. Државните имиња не влијаат на територијалните права и обврски на своја и на туѓа држава, ниту овие именувања може да се толкуваат како територијални претензии или иредентизам!
3. За правниот идентитет односно името на државата, како елемент од меѓународно-правниот субјективитет, не е релевантна историјата или потеклото на народот, ниту пак физичките и популациските карактеристики на територијата.
4. Спорови меѓу државите за државни имиња не постојат! Името на државата како суверено право не подлежи на одлука од Обединетите Нации или нејзина членка, ниту непризнавањето од една држава може да се толкува како “спор“ или “разлика“ за која е потребен меѓународен договор.
При приемот на Македонија во Обединетите Нации направена е замена на тези и непризнавањето од една држава е преформулирано како “разлика“ или “спор“. Ваков спор во Меѓународниот суд би бил отфрлен, а Советот за безбедност е злоупотребен – непризнавањето од една земја членка да се преформулира во “спор“ како универзално непризнавање!
Од фактот дека државно-правниот идентитет (односно името) е правна категорија која е есенцијален елемент на правната личност, а суверената власт, територијата и народот се супстанцијалан елемент на државноста, произлегува дека при приемот на Македонија во членство, органите на Обединетите Нации ги пречекориле своите овластувања и ја прекршиле Повелбата на Обединетите Нации!
СМК потсетува дека елементи на државноста во меѓународното право се: (а) суверената власт, која го вклучува и правниот субјективитет, што го содржи правниот идентитет односно името; (б) територијата; и (в) популацијата односно народот под јурисдикција!
СМК ја предупредува Владата дека сите преговори за името се беспредметни, имено “спор“ е замена на теза. Во случајот со Македонија, не постои “спор“ туку извршена е замена на тези за непризнавањето од Грција.
Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно популацијата која живее на таа територија и е под јурисдикција на државата Македонија. Историските присвојувања не можат да бидат предмет на спор!
5. Државното име не може да се: украде, фалсификува или наметне, како што не може ниту да се одземе (од Обединетите Нации) или да се преформулира. Државното име не може да биде предмет на (лимитирани/конечни или бесконечни) преговори, ниту на друг начин да се проблематизира ваков идентитет однадвор, што ја нарушува строгата внатрешна јурисдикција.
6. Правото на поседување правен идентитет на државата и самоопределување на народот е JUS COGENS норма (односно норма над диспозитивинот дел од правото). Правен идентитет на државата е внатрешна уставно-правна категорија и JUS COGENS правото не е предмет на било какво надворешно уредување или мешање!
Препораката во Резолуцијата 817 или Резолуцијата 845 на Советот за безбедност, дека двете држави ќе разговараат или “преговараат“ за државното име претставува флагрантно кршење на Повелбата на ООН!
СМК заклучува дека Грците немаат легитимни барања во таканаречениот “спор“ или “разлика“, ниту едно нивно право не се доведува во прашање, односно не постојат правни основи за нивните барања!
Македонците во Републиката и во светот во апсолутно мнозинство отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на историјата, културата и јазикот на Македонскиот народ во целина.
ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!
СМК и натаму бара Претседателот на Републиката да достави:
(1) Нота до Генералниот секретар на Обединетите Нации со која огласува безусловен крај на разговорите за разликата во врска со државното име со Владата во Атина и ќе се заблагодари на специјалниот пратеник Метју Нимиц, и
(2) Резолуција до Генералното собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонците и Македонскиот јазик на англиски јазик Macedonians и Macedonian language, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ што се’ уште траат до денес!
Тодор Петров – СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС