Мајката на четиримесечното бебе од Кочани кое е позитивно на корона вирусот е тестирана на 8 април и нејзиниот резултат е негативен на вирусот, информира Министерството за здравство.
– Таа е е хоспитализирана заедно со своето бебе на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Според информациите добиени од Институтот за јавно здравје, четиримесечното бебе од Кочани беше тестирано на ковид-19 на 6.04.2020 година, а резулатите биле готови на 7.04.2020 година. Се чекаат резултатите и за таткото, кој е тестиран на 8.04.2020 година, велат од Министерството.
За овој случај, министерот за здравство Венко Филипче соопшти на денешната прес-конференција на која, според податоците добиени од Инфективната клиника информираше дека бебето е во стабилна состојба, без потреба од респираторна поддршка и е под постојан педијатриски надзор.