Македонија 23. октомври 2018. / 12:46

Магазин: Вратен пасошот на Мијалков со “помош”на СЈО

Магазин: Вратен пасошот на Мијалков со “помош”на СЈО

Во текот на вчерашниот ден, додека се подготвуваше седницата на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ и обидот на Мијалков за смена на актуелниот претседател, Мицкоски, СЈО го “награди” обвинетиот со враќање на патната исправа, пишува Магазин.

Имено по објавата на истражните постапки од страна на СЈО и Катица Јанева, на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање како времена мерка за претпазливост, на барање на СЈО, Кривичниот Суд Скопје му ја одзеде патната исправа – пасош како мерка за безбедност.

Вчера низ т.н. независна, законска и проевропска, ЕУ интегративна процедура со одобрение на СЈО и Јанева, судот му го вратил пасошот на Сашо Мијалков.

Во образложението стои дека патната исправа му треба за да комуницира со странство како стопанственик и дека тоа нема да влијае врз редовното присуство на рочиштата.

Судот по консултации со СЈО и Јанева ја прифатил “променетата” позиција кон обвинетиот.

Сашо Мијалков е прво осомничен во целокупниот процес на нелегално прислушкување разговори поради кој и се формираше СЈО а и поради кој падна владата на Никола Груевски, пренесува Магазин.