Нема крај на безобразлукот на Зоран Заев и неговите исполнители на грчките барања. Бесрамно користејќи ја вонредната состојба, тој и неговите исполнители на секое грчко барање кои себеси се нерекуваат „влада“ продолжуваат со бришењето на културно-историското битие наречено Македонија, се наведува во соопштение на партијата Македонска Акција – МААК!
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението/реакцијата:
„Најновата вест доаѓа од министерството за образование, од каде на учениците, поточно на шестоодделенците преку онлајн настава им се доставуваат цензурирани работни материјали. Имено, во работниот лист по Македонски јазик, баграта на Заев злоупотребувајќи ги своите позиции ја приложуваат поезијта од големиот родољуб и Македонец Петре М. Андреевски цензурирана односно нецелосна. Човекот кој ја љубеше Македонија малку помалку од Дениција и кој го посвети животот творејќи и пишувајќи за маките на овој народ напатен и ова парче земја клето беше цензуриран. Последната строфа од неговата песна за тоа како ја љубел Дениција исчезна од работниот лист на нашите деца и ученици. А таа гласи вака:
„Кога ја љубев Дениција, Како да учествував во создавањето, На првата Македонска држава“
Велиме, можете да ни брцнете по џебовите да го украдете нашето, можете да не натерате да ги ораме нивите за вас или пак да ја гоиме стоката за вашите стомаци ненајадени, да не оставите на работ на бездната и да не држите во безизлез, но ние како партија, но и македонскиот народ ве уверуваме дека никогаш нема да можете да ни го одземете она што го носиме во себе. Никогаш нема да можете да ни ја одземете љубовта кон Македонија. Ние сме тука, ќе го посееме семето и повторно ќе израснеме над сите!“