Македонија 07. јули 2020. / 18:22

Лукаревска: Покажавме каква држава сакаме, модерна праведна држава која ќе дава шанса и која се грижи за секој

Лукаревска: Покажавме каква држава сакаме, модерна праведна држава која ќе дава шанса и која се грижи за секој

Носителката на листата на Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2, Сања Лукаревска, денеска од Куманово порача дека и по 15 јули ќе продолжат да работат за подобар живот и дека тој ден ќе биде ден на изборна победа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“.

Во изјавата за медиумите, Лукаревска рече дека градат европска држава во која секој граѓанин живее од трудот, а животот за луѓето е на прво место. Во наредниот мандат, додава се обезбедува уште поголема поддршка за граѓаните.

Лукаревска вели дека градат држава која е праведна и правна за сите. Таа напомена дека се намалени нотарските и трошоците за извршители, со отписот на камати за долгови на физички лица избришани се 10 милиони евра долгови на граѓаните, казните се намалени до 75 проценти, воведено е пропорционално казнување.

Нема да дозволиме никогаш повеќе државата и институциите да ги плашат граѓаните, да ги уценуваат, да ги крадат. Тие се тука за вас да ви служат-нагласи Лукаревска.

Таа ги повика граѓаните на 15 јули да гласаат за СДСМ и коалицијата „Можеме“ и да го заокружат бројот 3.

Ние покажавме каква држава сакаме, модерна праведна држава која ќе дава шанса и која се грижи за секој свој граѓанин да излеземе на избори затоа што можеме уште повеќе и уште подобро, изјави Лукаревска.