Бојан Јовановски денеска покажуваше фотографии од Инстаграм на кои тој ја носи гардеробата која му беше одземена од Обвинителството од неговиот дом во Орман. Боки тврди дека поголем дел од фотографиите се од 2013 година, односно шест години пред да биде поднесено обвинение против него .
Боки ја покажа Луј Витон чантата со негови иницијали, очила Шанел, Реј Бан,Живанши и Том Форд, торба Фенди и Ив Сен Лоран, накит, шешири, Барбери чевли, часовник Омега, ремени, дуксер Долче Габана, јакна Валентино, патики Шанел и Луј Витон.
Боки твдри дека голем дел од парчињата се ревијален модел и оти не може да се најдат во слободна продажба.