При слетувањето на секретарот за одбрана на Америка, Џејмс Матис се случи своевиден протоколарен гаф.
Имено согласно досегашната практика за протокол при доаѓање на високи гости на Армијата на Република Македонија и на Министерството за одбрана и при пречек на аеродром, гостинот по слетувањето или чека неколку минути за да се постави црвен тепих или пак црвениот тепих се поставува непосредно пред влезот на аеродром каде што и делегацијата за пречек според протокол е лоцирана.
При пречекот на секретарот за одбрана Џејмс Матис, протоколот на АРМ и на МО се одлучиле црвениот тепих да се постави непосредно по неговото излегување од авион, но тука беа и војници кои со метли го чистеа просторот околу тепихот, што не остави многу убава слика при првиот чекор на Матис во нашата земја.