СДСМ преку конкретни мерки и политики испорачува резултати што носат придобивки за сите граѓани, додека ВМРО-ДПМНЕ преку злоупотреби на техничките функции и ширење лажни вести го бранат криминалот на режимот. Прочитани се намерите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Со злоупотреби на техничките функции и однесување надвор од мандатите што им се законски пропишани, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги оневозможи граѓаните да ги остваруваат своите уставно загарантирани права за време на техничката влада, чија основна функција е организирање на слободни, фер и демократски избори, изјави Хари Локвенец, пратеник на СДСМ
На тој начин Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ подготвуваат терен за непризнавање на изборниот резултат, соочени со релноста дека ќе ги загубат изборите. Прочитани се и затоа се во голема паника.Нивното сценарио им е провидно, предлагаат осомничени и кадри со обвиненија, шират лажни вести и измислуваат непостоечки случаи. Не нудат ништо освен обнова на режимот, одбрана на крминалот.Но ние како СДСМ, заедно со граѓаните тоа нема да го дозволиме.Денес, институциите се во сигурни раце, фер и демократски избори ќе има, слободната волјата на граѓаните нема да дозволиме да ја загрози режимската ВМРО-ДПМНЕ. А иднината на државата и граѓаните е обезбедена во големите светски сојузи НАТО и ЕУ. Груевистичкото ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е изолирано и спречено да прави криминал од страна на професионалните институции. Во нашата разумна и нормална земја, членка на НАТО, груевстичкото ВМРО-ДПМНЕ нема да има никакви шанси на изборите во април. На 12 април, на слободни и фер избори, граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат. Ќе порачаат дека државата е во сигурни раце и нема дозволат враќање на режимот, изјави Хари Локвенец, пратеник на СДСМ