Македонија 24. јануари 2020. / 15:43

Локвенец бара пратниците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Законот за одбрана

Локвенец бара пратниците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Законот за одбрана

Пратеникот Хари Локвенец денеска уште еднаш побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го гласаат Законот за одбрана. Обвини, како што кажа, дека опозициската партија е против членство на земјата во НАТО.

-Додека во Шпанија во тек е последната ратификација на Протоколот за нашето зачленување во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ со одбивањето да гласа за Законот за одбрана го загрозува тој процес, рече Локвенец.

Свесното блокирање на Законот за одбрана може да испровоцира ново вето од Грција и со тоа да ја врати државата со децении назад.
Законот треба да биде донесен до крајот на овој пратнички мандат, а за тоа се потребни 80 пратеници.