По распитот во полициската станица Центар, Љупчо Палески-Палчо ќе мора да оди во државен карантин.
-Согласно протоколите, ми одредија парична казна и 14-дневен државен карантин,изјави ексклузивно за „Економски Лидер“, Палески.
Палески беше приведен од страна на полицијата напладне од едно скопско кафуле.
По пуштањето од екстрадициониот притвор во Србија. Палески се врати во државата.
Согласно неодамна донесените протоколи, граѓаните кои нема да се придржуваат до домашната самоизолација по враќањето од странство ќе мораат да заминат во државен карантин. До сега во јавноста не беше споменато дека некому му е одредена мерката и, по се изгледа, Палески е првиот државјанин на Македонија, кој заминува во државен карантин.
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека на почетокот на идната недела ќе се разгледува прашањето за укинување на задолжителната изолација при влезот во државата, особено важно за македонската емиграција.