Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и претседател на ВМРО-Народна партија, престојувал во Софија, каде што меѓу другите се сретнал и со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.
Захариева на својот Фејсбук профил ја објави информацијата за средбата со Георгиевски.
„Јас и мојот тим денеска имавме плодна средба со нашиот пријател од Република С. Македонија и нејзин премиер (1998-2002), Љубчо Георгиевски“, напиша Захариева.
Но, засега нема информации за што разговарале.