Македонија 01. декември 2020. / 21:56

Литовски: Решението со Бугарија не е во попуштање, затоа што Бугарија постојано ќе има нови барања

Литовски: Решението со Бугарија не е во попуштање, затоа што Бугарија постојано ќе има нови барања

Решението со Бугарија не е во попуштање, затоа што Бугарија постојано ќе излегува со нови барања се додека не го оствари својот Санстефански сон кој кој е дел од официјалнта бугарскарска политика, , вели историчарот Александар Литовски, дел од заедничаката комисија со Бугарија, за „Утрински Брифинг“ на Слободна ТВ.

Според него, да прифатиме дека имаме бугарски корени, е исто како да прифатиме дека сме Бугари, а тоа е неприфатливо и невистинито.

Литовски потенцира дека е јасно кои биле антифашисти, а кои фашисти во Втората светска војна тој факт голем историски не може да се игнорира затоа што на некој му притекнало да ја условува Македонија со влез во ЕУ и да го заборавиме тоа што сакаат да се заборави.

– Не се работи само за Втора светска војна, Бугарија го има Санстефанскиот сон и тој стои 50 години, и секогаш ќе ја тера таа политика, дури и да им се попуштат некои работи, по 6 месеци ќе следат нови барања, затоа што Бугарија има стратешки национални барања поврзани со Санстефанскиот сон и упорно ги тера. Затоа решението не е во попуштање на барањата на Бугарија, потенцира Литовски.

Тој додава дека крајната цел на бугарската политика на сите бугарски влади дури во двете светски војни влегоа за освојување на Македонија и оваа територија.

Официјалната бугарска политика, воени личности, оние што ја прават стратегијата и политиката се во филмот на Санстефанска Бугарија и остварување на тој големобугатски сон и тоа е тоа што ни го нудат отприлика. Да признаеме дека имаме бугарски корени тоа е исто како да признаеме дека сме Бугари, а тоа е апсолутно неприфатливо и невистинито. Историјата е дел од националниот идентитет, мора да се сфати дека националната историја е дел од националниот идентитет исто колку и македонскиот јазик, нагласи Литовски.

Според него без доволен силен притисок од Берлин и Вашингтон нема Бугарите да ја пуштат Македонија некаде подалеку, се додека не го остварат тој Санстефански сон.

Тој исто така посочи дека историјата треба да работи без притисок од политиката, но и да не се создава општ притисок од аматери и историчари на кои не им е специјалност тоа што го коментираат.

Излегуваат и аматери со ставови за историјата, излегуваат и професионалци, најчесто не се ни специјалисти дел од историчарите за она што зборуваат и се прави атмосфера општа на притисок, каде што мора луѓето да заземат страна. Би било подобро кога не бии било толку напнато на историски теми и историчарите би можеле да работат многу порелаксирано од тој политички притисок, рече Литовски.