Македонија 13. октомври 2018. / 15:53

Лилјана Поповска повторно го напушта бродот кој тоне: Не гласала за уставни измени!

Лилјана Поповска повторно го напушта бродот кој тоне: Не гласала за уставни измени!

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ која ште е дел од владеачката коалиција не гласала на комисијата за уставни прашања која што вчера реши Собранието на пленарна расправа да одлучува за измени во уставот.

Откако предходно таа и втората пратеника на ДОМ, Маја Морачанин не гласаа за Законот за Јазици, ова е втор сериозен удар на малата еколошка партија за владеачката коалиција.

Поповска во 2005 година како дел од владеачката коалиција на СДСМ се спротивстави на Законот за територијална поделба на земјата и влезе во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ од која замина за време на Шарената револуција и објавување на прислушуваните разговори.

Една од причините за ваквото однесување на Поповска може да биде и нејзиниот татко Академик Блаже Ристовски кој што пред еден месец се потпиша на писмото против промена на името и Преспанскиот договор на кој се потпиша и прославениот чешки писател Милан Кундера.

Согласно договорот со Грција голем број од делата на академик Ристевски ќе треба да бидат повлечени од учебниците и официјалната државна историографија.