Македонија 15. јули 2019. / 23:11

Лиле Стефанова од СЈО е повикана на информативен разговор во полиција?

Лиле Стефанова од СЈО е повикана на информативен разговор во полиција?

Непотврдени информации од МВР тврдат дека вечерва на информативен разговор е “прибрана” и првата соработничка на шефицата на СЈО Катица Јанева – објави Експрес.мк.

Искусната обвинителка Лиле Стефанова била контактирана од иследници од МВР додека била во кафуле, тврдат очевидци кои ја препознале обвинителката кога и пришле инспектори на МВР, тврди порталот.

Неофицијално од Стефанова се бараат информации за истиот случај поради кој вечерва се вршат претреси во домот на Катица Јанева а денеска беше притворен и Бојан 13 сопственик на 1ТВ.

Засега МВР и Обвинителството не ги потврдуваат информациите за Стефанова.