За иницијативата на ДУИ за Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор да стане Министерство за политички систем и односи со заедниците, реагираше вицепремиерот Хазби Лика. Тој вели дека не е известен за тоа и дека Рамковниот договор не е целосно спроведен, пренесува ТВ 21.
– Јас како претставник на ДУИ, во Владата на Република Северна Македонија, на задача Вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, не сум информиран, ниту консултиран за иницијативата, ниту за составувањето на овој закон, алудирајќи на надлежностите кои ги носи новата институција која ќе се основа, и поврзаноста која ќе ја има со Рамковниот договор. – вели Лика.
Вицепремиерот кажува дека побарал да се отвори дебата за оваа иницијатива со цел да ги зачуваат вредностите од Рамковниот договор.
– На последната средба со лидерот на партијата, иако доцна, побаравме да се отвори дебата и да се дискутира за оваа иницијатива со сите партиски органи, но и со засегнатите страни, обидувајќи се да ги зачуваме наследените вредности кои извираат од Рамковниот договор. Очекуваме политичките актери да влијаат со цел да се објасни оваа ситуација, точно да се знае која е судбината на Рамковниот договор, со цел да се изгради еднакво општество за сите. – констатира Лика.