Претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), пратеникот Енес Ибрахим во Анкара одржа работна средба со Претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп.
Како што информираат од партијата, ва средбата Ибрахим изразил благодарност за силната поддршка на Турција и за солидарноста со Македонија за интеграцијата во НАТО, со што се потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји.
И двете страни нагласиле дека одличната соработка на двете земји треба да се интензивира во сите области, вклучувајќи ја економската, културната и образованата сфера.
Ибрахим исто така упатил и честитки за 100 годишнината од основањето на Големото народно собрание на Република Турција.