Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска одржа средба со амбасадорка на Велика Британија во Македонија, Рејчел Галовеј.
Претседателот Ахмети го истакна позитивниот развој околу обезбедувањето на 80 гласови во Собранието за отворање на Уставот и ги подвлече нашите очекувања дека во иднина , таа бројка ќе се зголеми уште повеќе за поддршка на нашиот пат за Брисел.
Ахмети изрази разочарување во однос на позициите на раководството на опозицијата кон политичките случувања во земјата кои што овозможуваат евроатланска интеграција.
Ахмети ја истакна про-западна улогата на 8-те пратеници на опозицијата како иницијатор и на реализацијата на ветувањето на премиерот Заев за помирување и помилување, но и како придонесувач во изготвувањето на уставните амандмани.
Во однос на уставните амандмани, Ахмети истакна дека текстот ќе се изготви консензуално и во духот на Договорот од Преспа, и дека поддршката за нив во Собранието ќе се зголеми и понатаму.
Во однос на помирувањето Ахмети истакна дека треба да се изнајде разбирање помеѓу страните во духот на надминување на разликите и давање на консензуална поддршка за интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.
За оваа тема, да ги пронајдеме најдобрите практики во слични околности од други земји и да ги аплицираме кај нас.