Редакцијата на Лидер дознава дека возилата на шумската полиција се со истечена регистрација од први февруари и дека заради тоа речиси цел месец немаат извршено контрола во шума.
Како што дознаваме, заради нерегистрираните возила, шумската полиција не може да ги изврши своите работни задачи и обврски постапувјќи согласно овластувањата утврдени во Законот за шумите со вршење на контрола во шума, на сите патишта, во населените места, во складовите и преработувачките капацитети.
Тоа значи дека во моментов се оневозможени да октиваат бесправно исечени односно присвоени дрва како и бесправно присвојување на други шумски производи.