Македонија 10. февруари 2021. / 12:10

Лицето кое изврши самоубиство од прозорец во „8 Септември“ бил под психијатриска контрола

Лицето кое изврши самоубиство од прозорец во „8 Септември“ бил под психијатриска контрола

Пациентот А.Ц. роден 1950 година, хоспитализиран на интензивна нега во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, кој изутрината скокнал од прозорец од првиот спрат бил во тешка здравствена состојба и под психијатриска контрола и опсервација.

Ова го соопштија од болницата од каде посочуваат дека и покрај сите преземени мерки пациентот скокнал од прозорец.

-И покрај преземените реанимациски постапки од дежурната екипа во 7.30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни институции, Министерство за здравство, МВР, јавен обвинител и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Направен е увид на лице место, телото е предадено на обдукција, а ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор, стои во соопштението.