Лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, во текот на денешниот ден ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија, соопшти Министерството за одбрна.
– Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени, се истакнува во соопштението.
Вчера беше најавено дека околу 200 наши државјани ќе згрижени во армиските капацитети на Криволак, кои се подготвени да ги примат, но доцна синоќа деветмина битолчани се пожалија на условите во објектот.