Како што веќе најавивме, во текот на вчерашниот ден, правниот тим на Левица поднесе ПРИЈАВА до Антикорупциската комисија за поведување постапка против раководителот на сектор при Државниот просветен инспекторат – Африм Саљиу, за утврдување на судир на интереси при вршење на вонредниот инспекциски надзор на Правниот факултет при ДУТ – Тетово – соопшти Левица преку својата Фејсбук страница.
-Со претставката се бара и поништување на записниците со кои се „заташкаа“ случаите на противзаконското унапредување во наставно-научни звања на тројцата актуелни носители на јавни функции од редовите на ДУИ:
1. Арбер Адеми – Министер за образование и наука;
2. Агим Нухиу – Заменик министер за внатреши работи; и
3. Сафет Емрули – Директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
Го чекаме исходот од Пријавата, а следен чекор е и поднесување кривична пријава против инспекторот, заради сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в од нашиот Кривичен законик – пишува во фејсбук објавата на Левица.