Македонија 25. јули 2020. / 22:59

Левица и ДПА ќе ги добијат уверенијата за нови пратеници во понеделник

Левица и ДПА ќе ги добијат уверенијата за нови пратеници во понеделник

Државната изборна комисија информира дека денеска на свеченаа седница се поделени уверенијата за избраните пратеници, согласно резултатите од Предвремените избори за пратеници во Собранието на РепубликаМакедонија, на која уверенијата ги добиле избраните пратеници од Коалицијата „Можеме“ , ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, како и Демократската Унија за Интеграција –ДУИ.

По завршување на свечената седница, во просториите на Државната изборна комисија, уверенијата за избраните пратеници на Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива, биле подигнати од страна на нивниот овластен претставник.

Како што информираат од ДИК, уверенијата за избраните пратеници на политичката партија Левица и уверението за избран пратеник на Демократската партија на албанците – ДПА, сè уште не се врачени.

Истите ќе бидат врачени во понеделник кога или избраните пратеници или овластени лица од страна на наведените политички партии ќе ги подигнат од Државната изборна комисија.