Македонија 04. јануари 2021. / 10:36

Лекот за пациенти заболени од Ковид-19 од денеска пристигнува во Македонија

Лекот за пациенти заболени од Ковид-19 од денеска пристигнува во Македонија

Лекот Ивермектин, кој се користи за лекување на пациенти заразени со коронавирусот од денеска пристигнува во Македонија.

Агенцијата за лекови МАЛМЕД дала зелено светло на веледрогериите да може да го донесат во земјава.

Доктори епидемиолози апелираа лекот Ивермектин, кој кај нас со години се користел во ветеринарната служба, да стане дел од терапијата за лекување на пациентите со компликаци од корона вирусот бидејќи студии од западните земји покажале дека тој дал одлични рeзултати.

Директорот на агенцијата Лирим Шабани вели дека ова е добра вест бидејќи се работи за евтин лек па не се знаеше дали ќе има заинтересираност за увоз.