Лекарската комора соопшти дека нема да поведе иницијатива за одземање на лиценцата за работа на директорката на Клиниката за кожни болести, којашто спротивно на препораките од Минстерството, неколку денови болна од корона вирус доаѓала на работа, бидејќи Јавното обвинителство нема започнато постапка против неа.
Етичка комисија на Лекарска комора утре ќе одлучува дали ќе и биде изречена јавна опомена на Нина Цаца Билјановска која не ги почитувала препораките за заштита од коронавирусот иако дошла од ризичен регион и со тоа го загрозила јавното здравје.
–Такво дејствување подлежи на Кривичен законик и ако Судот наложи да и се одземе лиценцата на докторката, тогаш така ќе се постапи, информираа денеска од Лекарската комора.
Од Лекарската комора апелираат до здравствените работници да се придржуваат до препораките на СЗО.