Македонија 14. март 2020. / 17:16

Лекарска порака од Дебар: Ние сме на работа, вие седете дома

Лекарска порака од Дебар: Ние сме на работа, вие седете дома

Познатиот педијатар од Дебар, Арбен Аголи, им порача на граѓаните да ги почитуваат препораките и да останат во своите домови.

Аголи ја испрати пораката преку својот фејсбук-профил, каде што објави фотографија на која е заедно со колешките, со полна заштитна опрема и порака испишана на македонски и на албански јазик.

Ние сме на работа, вие седете дома.

Од вчера во Дебар и Центар Жупа е прогласена кризна состојба.