Македонија 25. септември 2019. / 11:55

Лазаревски се огласи по сведочењето на Верушевски за „бомбите“

Лазаревски се огласи по сведочењето на Верушевски за „бомбите“

Поранешниот разузнавач Ѓорги Лазаревски, за Фактор, истакна дека секогаш досега бил транспарентен, дури и кога сите молчеле и во иднина ветува дека ќе биде транспарентен.

Оваа изјава следува по сведочењето на Зоран Верушевски завчера на рочиштето за Таргет – Тврдина.

Исказот на Верушевски завчера во судот предизвика бура во јавноста, бидејќи тој рече дека бомбите не стигнале прво кај него, туку дека Лазаревски ги носел во тогаш опозициската СДСМ, по што тој само ги анализирал како задолжен за безбедносната политика на партијата. За нивната судбина одлучувале раководствата на социјалдемократите.