Македонија 09. август 2019. / 11:33

Лазаревска: На снимката каде што е Катица Јанева, можеби зборува Оле од „Зевзекманија“

Лазаревска: На снимката каде што е Катица Јанева, можеби зборува Оле од „Зевзекманија“

Долгогодишниот новинар и уредник во Телма, Емилија Лазаревска на својот Фелсбук профил го искажа своето мислење во врска со новите снимки поврзани со случајот Рекет. Лазаревска вели дека целта на објавувањето е јасна, не само да предизвика политички земјотрес во Македонија, туку да се направи обид да се девалвира цела ЕУ, Могерини, Хан, Сорос.

Бидејќи ова е забава за широки народни маси и од правен аспект оваа аудио снимка ништо не значи пред суд, освен ако не биде поткрепена со други цврсти материјални докази, ќе си дозволам да го кажам своето мислење. Целта на објавувањето во италијански медиум е јасна, не само да предизвика политички земјотрес во Македонија, туку да се направи обид да се девалвира цела ЕУ, Могерини, Хан , Сорос, бидејќи со текстуалната поддршка на снимките во десничарскиот весник се става главен акцент на овие поенти. Јас не му верувам беспоговорно на ова што го говори Камчев, па навистина сакам да видам докази дека некој му барал стоматолошка ординација за Лиле Стефанова, а тој ги одј…, како што вели. Самиот признава дека подмитува за да не одговара за криминалот и затоа е сомнителна секоја снимка излезена од кај него. Уште повеќе што сега тој како сведок-соработник на обвинителството сака да си ја купи слободата на секој можен начин. Што се однесува до гласот на Катица Јанева. Оле од Зевзекманија исто вака зборува, а и лесно може секој просечен монтажер да го измонтира ова. Значи, ако нема цврсти материјални докази, како што беа поткрепувани прислушвуаните разговори во предметите на СЈО, сѐ е една голема политичко-мафијашка ујдурма. Се разбира дека е можно да има други материјали кои можеби се чуваат за суд или му се доставени на обвинителство, бидејќи не се глупави да не знаат, ако ги имаат, дека не смеат да излезат во јавност со нив и дека со ова на суд не поминуваат. Патем, не ми е јасно со спецификацијата на еврата. Рекет така се прави? Даваш поткуп и им правиш спецификација на парите…?!, пишува Лазаревска.