Кога желбата за моќ и власт е поголема од се друго, тогаш неуспехот е најверниот пријател на тој пат!
пишува: Мирче АЏИОСКИ
Кога ќе ја погледнеме ретроспективата на изминатите 3 години, каде премиер и високи функционери на Владата предводена од СДСМ, користат вокабулар од типот на ,,трас трас” и ,,мало сутра”, тогаш повеќе од јасно е за какви луѓе зборуваме, а пропаста на државата е неизбежна!
Но, најдобариот начин за одбрана е нападот кон сопствениот народ и граѓаните.Тоа веќе е секојдневие на СДСМ.
За жал, тоа е таа позиција која жолчно ги напаѓа сите кои имаат различно мислење од нивното, сакајќи да ја сокријат вистината, која и тоа како ги боде од сите страни, без притоа да преземе било какви мерки за да направи нешто што е во интерес на Македонија и граѓаните!
Но нивните “criminal minds” се посилни од се што е свето за Македонија.
Господа од власта, вие немате кадровски грешки, па ајде ќе ги поправите, вие имате НАЦИОНАЛНИ грешки, од кои нема бегање и за кои нема простување.
Зарем е возможно да немате грам совест, трошка љубов за еден милосрден народ со традиција и историја, поголема од се. Зарем е чесно, да поигрувате со човечки судбини, од кои ви се поважни фотелјите и функциите!
Вашите непромислени и избрзани мерки кои ги носите во последен момент се директна закана по здравјето на граѓаните. Се прашувам, која е вашата цел?!
Да го спречите ширењето на COVID19 или масовно да го раширите низ цела држава?
Вчерашната глетка на патарините беше застрашувачка, кога неколку илјадници граѓани, исплашени од мерките за карантин од 80 часа, што ги воведовте во последен момент, ги напуштија своите домови и се упатија кон внатрешноста на Македонија.
Сите се свесни дека треба да се одржува растојание, а од друга страна принудени се да одат во маркетите, да купат основни продукти за прехрана и лична хигиена, каде за жал, држењето социјална дистанца е невозможна.
До кога ќе ја навредувате интелегенцијата на народот?
За ситни политички поени, носите одлуки кои и тоа како се нефункционални и кои даваат спротивен ефект кога треба да се спроведат во пракса.
Се изгубивте во лавиринтот на сопствените лаги и интриги, но крајот е јасен затоа што народот е веќе одлучен и ќе ве испрати во темната страна на историјата!
Здравјето на граѓаните е пред се, а потоа одговорност за секого!