Вчерашниот изборен резултат покажува дека македонскиот народ точно знае што сака. Граѓаните им дадоа црвен картон на Заев, Пендаровски и сите деструктивни политики на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска победија над СДСМ и ДУИ и уште 30 – тина партии. Џабе притисоци и прогони. Граѓаните сакаат правда и почитување на законите и уставот.
Уште пред изборите пишав дека лавината е тргната, пишувајќи за неминовниот пораз на СДСМ, тоа вчера и се обистини, власта изгуби многу гласови, додека од друга страна граѓаните масовно ја поддржа Силјановска и новиот концепт на ВМРО-ДПМНЕ.
Со сите притисоци, уцени, целата државна администрација под контрола, судскиот систем под влијание, ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска го вратија Скопје, Битола, ја вратија цела Македонија. ВМРО-ДПМНЕ за година и половина колку што Мицкоски е на чело на партијата успеа да се консолидира и да извојува победа во слободно можам да речам не фер услови.
Храброста која граѓаните ја покажаа е доказ дека стравот е победен, апатијата кај народот која изминативе пет години ја создаваше сегашната власт е победена, граѓаните точно знаат во кој правец сакаат да им се движи државата.
Оваа победа е значајна од два аспекти. Граѓаните кажаа дека не ги поддржуваат политиките на СДСМ и не сакаат елитизам и црвени теписи, туку работа и проекти за општо добро. Второ Христијан Мицкоски покажа дека за година и половина успеа да ја препороди ВМРО-ДПМНЕ која беше на дното, со голем број притисоци врз членови на партијата, замрзнат имот и многу структури против.Иднината е сигурна! Заклучокот е еден, СДСМ продолжува да паѓа, ВМРО-ДПМНЕ може само да расте.
Ни претстои втор круг, во кој треба да се капитализира целата борба која изминативе две години ја водиме за право и правдина. Имаме две недели, во кои нашата работа и посветеност мора да бидат на највисоко ниво, само ние, граѓаните на Македонија, може да кажеме во кој правец ќе се движи државата, сакаме право и правда, општество и држава со еднакви можности за секој?
Или сакаме ретроградни политики, криминал, непотизам и корупција како во изминативе две години. Изборот е повеќе од јасен. Имаме шанса да и ставиме крај на оваа власт со која пропаѓаме се повеќе во калта.Да направиме нешто за себе и за иднината на Македонија. Секој еден глас е важен. Победата е на дофат! Македонија мора да им каже збогум на транзиционите политичари и политики.