Поранешниот пратеник на ЛДП, Ангелка Пеева-Лауренчиќ, во синоќешното гостување на „Само вистина“, застана во одбрана на пратеникот Павле Богоевски по целиот случај со снимениот негов разговор.
–Тој скандал е многу врева за ништо. Не гледам ништо скандалозно во приказната, некаков разговор којшто не е ни докажан и една бура на реакции после тоа. Да не е смешно би било трагично. Приказната е неподобна за толку големо внимание, истакна Лауренчиќ.