Денес СДС ја започна кампањата. Со делење на маски и партиски слогани дека можат и слично, напиша Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на „Фејсбук“.
Таа како кандидатка за пратеник постави јавно неколку прашања.
Дали вонредната состојба и почитување на мерките за негрупирање, важат за сите, освен за СДС?
Зошто техничкиот премиер дели летоци на кои пишува да се држи дистанца, а истиот не ја почитува?
Дали сме сите исти пред законите, или вие сте ослободени од таа обврска? Дали институциите во државата и оние кои треба да ги мониторираат изборите OBSE, и останатите, го гледаат ова и како и дали ќе реагираат?
Ние и граѓаните знаеме дека сме во вонредна состојба и карантински часови, кои ги почитуваме. Вие пак, делите дозволи за движење во полициски час, цитирам..”согласно Статутот на СДС”???
Каде одиш Македонијо!, праша Ласовска.